Нов УДАР за граѓаните: Универзитетски професор најави раст на каматите и кредитите!

Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски.

Генералните очекувања се дека растот на инфлацијата ќе почне да бледее кон крајот на годината, меѓутоа намалувањето и стабилизирањето на цените ќе биде посебно видливо со почетокот на следната година.

И покрај претходните последователни и одмерени зголемувања на референтна каматна стапка од страна на Народната банка, според Треновски, она што генерално се забележува е дека домашните комерцијални банки скромно ги заостриле кредитните услови

(дури определени банки имале олабавување) и зголемувањето на нивните каматни стапки било малку видливо – ефектите од политиката на Народната банка почнаа да се чувствуваат последните месеци, паралелно со постепеното намалување на

прекумерната ликвидност во банкарскиот сектор, кога најпрвин почнаа да се појавуваат нови понуди (со повисоки каматни стапки) на страната на прибирањето депозити (штедењето).

„Со последното зголемување на три проценти на референтната каматна стапка граѓаните може да очекуваат во догледно време каматните стапки како депозитите, така и на кредитите да се зголемуваат

– оние кои имаат кредити со фиксни камати немаат основа за грижа, кај оние кредити со флексибилна каматна стапка можно е да има соодветно прилагодување во зависност од проценките и политиките на конкретната банка.

Меѓутоа, во овој неизвесен период во кој се наоѓаме, претпазливоста на домаќинствата и на компаниите секако треба да се зголемува и побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, одмерено и согласно можностите

– претпазливи треба да бидат и банките во селектирање на своите портфолија, водејќи сметка за својата стабилност – оттука реакцијата на Народната банка и повисоките каматните стаки на пазарите се резултат на ваквото окружување”, вели Треновски, кој е професор на Економскиот факултет во Скопје.

Заострувањето на условите на централните банки може да делува во насока на рецесија доколку зголемувањето од централните банки излезе од контрола и ги надмине разумните граници.

Како што објаснува Треновски, економската логика упатува на тоа дека заострените политики било монетарни (централните банки) или фискални (зголемените даноци/намалените јавните расходи) влијаат на инхибирање, отстапување на економската активност.

Меѓутоа, вели професорот, во ситуацијата во која се наоѓа глобалната економија се вагаат последиците од зголемената инфлација на една страна и последиците кои евентуално би дошле со повисоките каматни стапки како резултат на реакциите од централните банки. Во ваквото вагање, вели Треновски, треба да се користат сите расположливи алатки/средства и од централните банки и од владите, но, како што укажува, не смееме да заборавиме дека високата стапка на инфлација носи сериозен трошок, односно претставува своевидно општо оданочување (обезвреднување) на финансиите на сите граѓани и сама по себе има неповолни економски ефекти, ( го намалува животниот стандард – слично на рецесијата).

Целата статија на „bankarstvo.mk“ – ТУКА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде