Баба фрлила плинска боца oд балкон и направила пожаp

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б.(70) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

На 20.08.2022 во Дебар, пријавената запалила плинска боца на балконот од својот дом при што се запалиле алишта кои биле на балконот, по што таа ја фрлила боцата на паркингот и предизвикала пожаp во паркирано патничко возило.

Слична содржина

Жена направила хаос: Со плинска боца предизвикала пожаp на тераса, ја фрлила и запалила две возила

Жителка на Дебар откако со плинска боца предизвикала пожар на балконот, истата ја фрлила преку балкон по што биле опожарени два автомобила.

– Вчера во 11:20 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека Б.Б.(70) од Дебар, поради невнимателно ракување со плинска боца,

предизвикала пожар на балконот од станот лоциран на улица во градот „8 септември“ а потоа, боцата ја исфрлила на паркинг простор пред зградата, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Притоа, биле опожарени патнички возила „Опел Корса“ и „Мерцедес“. Интервенирала Територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршиле полициски екипи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде