Цел град стана на нозе: Од градинка исчезна 5-годишно девојче!

Од градинка во српскиот град Кладово во источниот дел од земјата, утрово околу 10 часот исчезнало петгодишното девојче Нина Анѓелиќ, кое сѐ уште не е пронајдено, а полицијата и стотици локални жители брзаат да ја пребараат секоја педа од градот, пред да се стемни, јавуваат српските медиуми.

Мајката на исчезнатото девојче, Сања Анѓелиќ, вели дека немало никакви знаци дека ќе дојде до застрашувачката ситуација.

„Ја однесов утрово во градинка и сѐ беше нормално. Таа беше облечена во светло розова јакна. Околу 10 часот ми се јавија наставниците.

Бев на работа. Ми кажаа дека моето дете го нема. Нејзината група деца биле во дворот и кога влегле внатре, наставниците утврдиле дека моето дете го нема. Во паника се упатив кон градинката.

Оттогаш го пребаравме цело Кладово и ништо“, низ солзи раскажува вознемирената мајка и додава дека никој од градинката со часови не и се јавува на телефон.

Нина има речиси пет години, но според нејзината мајка, девојчето слабо комуницира со другите деца и со возрасните. Дворот на градинката е ограден, но не и заклучен. Никому не е јасно како малото девојче можело незабележано да излезе.

Родителите повикуваат: доколку некој го види девојчето, веднаш да повика полиција.

„Аларм за цело Кладово! Итно! Исчезна мало девојче. Руса коса врзана во опавче, шишки, розова јакна. 5 години. Не зборува, ако го видите, јавете се на 192“, пишува во објава која кружи на социјалните мрежи.

Екипи на српската полиција се распоредени насекаде низ Кладово, а во воздух се и два дрона, со кои се трага по исчезнатото девојче.

Дел од медиумите објавија дека постои сомневање оти девојчето се изгубило во блиската шумата, а бидејќи тој терен е неистражен, потрагата е отежната.

– Акцентот е ставен на пребарувањето на шумата и најголеми се шансите девојчето да е токму таму, изјави за „Телеграф“ соговорник запознаен со потрагата.

OБНОВЕНО

Петгодишната Нина Анѓелиќ од српскиот град Кладово, кое денеска исчезна од градинката во која одело, а по него трагаше цел град, е ПРОНАЈДЕНО предмалку.

Според првичните информации, девојчето, за кое неговата мајка откри дека слабо комуницира за неговата возраст, не е повредено.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде