„Вредна, блага, добра, богољубива, хумана до крај. Си замина тивко, како што живееше“

Професорката Солза Грчева, која е поранешен пратеник во Собранието на Македонија, предмалку соопшти тажна вест.

Денес ја испративме во вечен покој мојата тетка Ратка, сестра на мајка ми. Мојата втора мајка. Таа беше последната од четирите деца Трајкови по потекло од Дебар.

Тројцата, мајка ми и двата вујковци беа сите универзитетски професори во различни области. Стрезо, професор на Машински ф-тет.

Трајко, професор на Медицински, мајка ми Милка, на Природно Математички. Сите врвни научници, скромни, чесни и бескрајно посветени на струката и студентите.

Тетка Ратка беше шнајдерка. Веројатно најталентирана во Скопје. Со месеци се чекаше кај неа ред. Вредна, блага, добра, богољубива, хумана до крај. Си замина тивко, како што живееше.

Во нејзина чест и со болка го пишувам овој статус.

Тето, почивај спокојно. Ти тоа го заслужи!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде