Драма: Лавров ја напушти седницата на Советот за безбедност, Британците го осyдија пред цел свет

Лавров доцнеше 90 минути на седницата на Советот за безбедност на ОН, а потоа демонстративно ја напушти средбата по неговото излагање.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го напушти состанокот на Советот за безбедност на ОН откако ја обвини Украина и нејзините западни сојузници за „неказнување“ во Донбас.

Украина и нејзините сојузници се обидуваа да ни „наметнат сосема поинаков наратив за руската агресија“, тврди Лавров.

Лавров задоцни речиси 90 минути на состанокот на Советот за безбедност и се чинеше дека сака да си замине веднаш штом ќе заврши со говорот.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, говорејќи на состанокот на советот по Лавров, рече дека ќе ја поддржува Украина се додека е потребно.

Клеверли рече дека Русија се обидела „да ја префрли вината на оние кои воведоа санкции“ и дека „поразителните последици од руската инвазија стануваат се појасни секој ден“.

„Тој го напушти состанокот, не сум изненаден. Мислам дека господинот Лавров не сака да ја слушне колективната осуда на овој совет“, рече Клеверли.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде