Нова автобуска несреќа: Повредени 24 лица откако автобус во текот на ноќта излета од патот кај Бад Митерндорф во провинцијата Штаерска, Австрија

Автобус со 32 патници во текот на ноќта излета од патот кај Бад Митерндорф во провинцијата Штаерска, Австрија, а во несреќата се повредени 24 лица.

Четири лица се тешко повредени, а 20 се полесно повредени, соопшти полицијата.

Автобусот превезувал патници до езерото Грундљзе, кога од се уште неразјаснети причини излетал од патот.

Автобусот застанал веднаш до езерото, а сите патници успеале да се симнат од автобусот.

Двајца тешко повредени со хеликоптер се префрлени во блиските болници, две со брза помош, а другите 20 полесно повредени се пренесени во околните клиники.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде