СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Најмалку 36 лица загинаа при задушување на протестите во Иран

Најмалку 36 лица се y6иени при задушување на протестите што избувнаа пред една недела во Иран по смртта на младата жена која беше уапсена од полицијата за неморал, соопшти невладината организација „Центар за човекови права“ во Иран.

Протести избувнаа во Иран по смртта на 22-годишната Махса Амини. Таа била приведена и претепана од полицијата бидејќи наводно не го носела правилно хиџабот.

По апсењето, Амини паднала во кома и починала, пишуваат тамошните медиуми.

Според официјалните пребројувања, најмалку 17 луѓе биле убиени во демонстрациите поради нејзината смрт, но CHRI објави дека имало повеќе убиени лица.

„Властите ја признаа смртта на најмалку 17 луѓе, а независни извори велат дека има 36 жртви“, објави CHRI, организација со седиште во Њујорк, на „Твитер“.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси вчера изјавил дека ќе се истражи смртта на девојката, но во исто време го осудил лицемерството на западните сили, стои во написите.

Убиството на младата Амини го осудија Обединетите нации, Европската Унија и САД.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде