(видео) Драматични сцени на небото: Авион ја прелетал пистата и се урнал во езеро – ова се деталите!

Аеродромот во близина на Монпеље, на југот на Франција, денеска беше затворен на неодредено време, откако товарен авион при слетувањето ја прелета неговата писта и се урна во водата на соседното езеро.

Три лица во авионот се спасени неповредени од Боингот 737, кој бил натоварен со воздушен товар, пренесува АП.

Несреќата се случи пред зори во саботата, а авионот застана во трска, трева и вода на аеродромот надвор од градот Монпеље, соопштија регионалните власти.

Аеродромот е затворен за патнички и карго летови додека авионот не се премести. Несреќата е под истрага.

Слична содржина

На авион му се расипал моторот, морал принудно да слета во Црна Гора

Авионот на Ер Србија кој што полетал од црногорскиот град Тиват за Белград по 45 минути лет морал да се врати на стартниот аеродром поради дефект на моторот, пренесува Нова.рс.

Патниците велат дека летот доцнел 45 минути и дека 5 минути по полетувањето се слушнал силен удар под авионот.

„Наликуваше на удар од гром. Околу половина час кружевме над Которскиот залив, а луѓето на копно видоа голем чад од авионот“, рекол еден патник.

Тој вели дека екипажот не дал никакво објаснување во првите 10 минути, што дополнително предизвикало паника кај патниците.

“Потоа не известија дека има дефект на моторот и дека треба да се подготвиме за слетување на аеродромот во Тиват.

Во моментов механичарите го прегледуваат авионот. Некои патници се откажале од летот поради страв”, пренесува Нова.рс.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде