Путин повеќе не си игра, вади „кец од ракавот“: Со човекот кој е cтрав и трепет за Украинците тргнува во нова опсада!

Генералот Михаил Мизинцев ќе биде новиот заменик министер за одбрана на Русија, на местото на Дмитриј Булгаков.

Дмитриј Булгаков, заменикот на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, е разрешен од функцијата и префрлен на „друга функција“, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

На местото на Булгаков ќе дојде генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој претходно беше началник на Центарот за контрола на националната одбрана на Русија.

Украинската војска објави дека Мизинцев ја водел опсадата на пристаништето Мариупол во украинското Азовско Море, поради што го добил прекарот „Мариуполски месар“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска испрати предупредување до рускиот претседател Владимир Путин.

Во своето телевизиско обраќање до нацијата во средата, Путин се закани со можна употреба на нуклеарно оружје.

„Русија знае дека последиците ќе бидат тешки доколку употреби нуклеарно оружје во Украина“, изјави Столтенберг во интервју за Си-Ен-Ен.

„Тие го знаат тоа. Нема да објаснам точно како ќе реагираме, зависи од тоа какво оружје за масовно уништување би можел да употреби“, изјави генералниот секретар на НАТО.

„Јасно ги испраќаме овие пораки и им даваме до знаење дека тоа не треба да се случи.

Поентата е дека веројатноста за употреба на нуклеарно оружје е сè уште мала, но последиците би биле толку големи што мораме да го сфатиме сериозно.

Таа реторика, тие закани кои Путин упорно ги изнесува, ги зголемуваат тензиите и се опасни“, заклучи шефот на НАТО.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде