Жално: Еве како изгледа денес училиштето каде што се одржал првиот час на македонски јазик (фото)

На вчерашен ден, 23 септември, во 1943 година, во времето на првиот од петте кратки периоди во кои Кичево и областа Копачка биле ослободени од фашистичкиот окупатор за време на Втората светска војна, во селото Подвис е одржан првиот школски час на македонски јазик.

На овој јубилеј потсети Сојузот на борците, наведувајќи дека училиштето било отворено на ослободената територија, а прв учител бил Василко Ристески од Подвис. На првиот час, тој им рекол на учениците:

„Деца, отсега натаму ќе си учите на вашиот мајчин македонски јазик.

И ќе си се поздравуваме на македонски јазик.“ Секој ден, при влегувањето на учителот во училница, тој поздравувал со: „Cмpт на фашизмот“, а децата одговарале со: „Слобода на народот“.

Фотографиите од објавата на Сојузот на борците потсетуваат дека училишната зграда во која се одвивала историската прва настава на современ македонски јазик со години е во очајна состојба, оставена да пропаѓа без никаква грижа од државата, и покрај тоа што има статус на споменик на културата.

Зградата се наоѓа во стариот, целосно напуштен дел од Подвис, а спомен-плочата која била поставена на неа, локалните жители одамна ја преместиле во новиот дел на селото.

Последните, јалови најави за обнова на училишната зграда се слушнаа во 2014 година.

За случувањата во Подвис, на првата ослободена територија за време на војната, скоро цела година пред заседанието на АСНОМ, раскажува документарниот филм на МТВ за селото од 2006 година,

чиј автор е писателот Стојмир Симјаноски. Во него, за првите училишни часови на македонски јазик зборуваат и некои од тогашните ученици:

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде