Драма: Човек избега од маркет со полна корпа, касиерката го брка

На социјалните мрежи се појави видео од човек кој краде корпа полна со намирници од маркет во Белград и бега, додека продавачка неуспешно се обидува да го запре.

На снимката се гледа како продавачката се обидува да ја отвори вратата од автомобилот и да го спречи, но тој успева да се оттргне и бега од местото.

Во објавата е пренесена и изјава од жената која го снимила видеото. Таа тврди дека средовечниот човек бил редовен купувач во маркетот.

„Толку успеав да снимам, се работи за средовечен човек кој живее во Учителската населба и секојдневно влегува во продавницата каде што најчесто пазарува, а сега истрча со полна корпа и избега.

Работниците се обидоа да го фатат, но не успеаја“, вели жената која побарала да остане анонимна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде