Граѓаните да складираат храна, вода, гориво, лекови: Најголемото невреме во последните 100 години и се заканува на Флорида

Во американската сојузна држава Флорида властите го предупредиле населението да се подготви за потенцијално голема катастрофа, бидејќи ураганот од втора категорија Иан се доближил до Куба.

Силниот ветар го погодил јужниот брег на Куба во понеделникот навечер, а се очекува да пристигне на западниот брег на Флорида во среда, пренесува „BBC“.

„Иан“ би требало да удри во западна Куба како ураган со сериозна сила и потоа да стане уште посилен, напредувајќи преку топлите води на Мексиканскиот залив кон Флорида, со ветрови со брзина до 225 километри на час.

Точниот пат на ураганот е неизвесен, но гувернерот на Флорида Рон Де Сантис предупредил на широки последици ширум државата, во момент кога жителите прават резерви на храна, вода, лекови и гориво.

Некои делови на оваа американска држава не доживеале ураган со ваква јачина еден век, наведува „BBC“.

Гувернерот Де Сантис во текот на викендот прогласил вонредна состојба во цела Флорида и активирал 5.000 војници на Националната гарда да помогнат во пружањето помош.

И американскиот претседател Џозеф Бајден објавил вонредна состојба на сојузно нив, и ги овластил надлежните федерални служби да ја координираат операцијата за санирање на последиците од налетот на ураганот.

Бајден исто така поради ураганот ја откажал посетата на Флорида која била закажана за денес.

На крајниот запад на Куба, во провинцијата Пинар дел Рио, училиштата денеска се затворени, а на терен се пратени здравствени работници и служби за вонредни ситуации.

Според наводите на кубанските државни медиуми, планирана е евакуација од 230 населени места во „најкраток можен рок“, а преземени се мерки за заштита на резервите на храна во складиштата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде