Илија Димовски: Во 1994 година навивавме за Бугарија на Светското првенство во фудбал, а сега….

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека за вчерашните свирежи и навреди за време на интонирањето на бугарската химна

на натпреварот во Скопје помеѓу фудбалските репрезентации на Бугарија и Македонија (0-1) е виновна политиката и наметнатиот договор за добрососедство.

Вината за скандирањата да си ја барате кај: 1. Политичарите во Македонија кои прифаќаат катастрофални уцени од Бугарија само со цел да си ги зачуваат кариерите.

2. Политичарите од Бугарија кои сеуште живеат и работат како да се во 19-от век, со нескриени негаторски политика спрема македонскиот народ, констатира Димовски на Фејсбук.

Поранешниот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека во 1994 на Светското првенство во САД цела Македонија навивала за Бугарија кога го освои четвртотот место.

„Кој и што ја упропасти таа близина јасно се знае, а тоа најмалку се граѓаните кои вчера беа присутни на Националната Арена Филип Втори“, додава тој.

Министерството за надворешни работи денеска го осуди синоќешното исвиркување на бугарската химна од страна на 20-илјадитната поблика на арената „Тоше Проески“.

„Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла

Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи“, се вели во реакцијата на МНР.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) попладнево изрази „голема благодарност за импресивната поддршка“ која навивачите им ја дадоа на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на вчерашниот натпревар против Бугарија.

Според официјалните податоци, вкупно 20.173 гледачи го следеа од трибините на Арената во Скопје дуелот меѓу македонската и бугарската репрезентација во рамки на последното коло од групата 4 во Ц-дивизијата во Лигата на нации на УЕФА.

– Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија, од првата до последната минута, соопшти ФФМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде