„Огнена“ ноќ во Чаир: Што се случува? За една вечер изгореа дури пет автомобили!

Пет паркирани автомобили изгореле синоќа во голем пожар во скопската населба Чаир, соопшти МВР.

„На 27.09.2022 во 03.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во пет патнички возила, од кои четири паркирани на ул.„Ѓоце Стојчевски” и едно паркирано на улицата „Лазо Москов”, и тоа:

„Фолксваген Голф”, „Рено Меган”, „Рено Твинго”, „Ауди”, сите со скопски регистарски ознаки и патничко возило „Мерцедес” со британска национална ознака“, се вели во соопштението.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени нема. На местото бил извршен увид, додаваат од полицијата.

Слична содржина

Пожарникарите четири часа се бореле со огнената стихија – во голем пожаp изгоре голф и викендица, во кумановско

Во голем пожар вчера изгоре викендичка и патнички автомобил, кој ги зафатил околу пладне на патот помеѓу селата Пчиња и Студена Бара.

Според информацијата на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), пожарникарите го гаснеле пожарот повеќе од 4 часа.

„Опожарено е стрниште, патнички автомобил марка-„голф„ и викендица на патот помеѓу с. Пчиња и с. Студена Бара, во период од 12.30 до 16.40 часот.

Интервенирано е со 3 ПП возила и 8 пожарникари. Направена е поголема материјална штета – причината, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува“, соопштуваат од РЦУК.

 Од Терироријалната противпожарна едници во Куманово велат дека пожарот прво го зафатил автомобилот во движење, кој сопствениците го истуркале покрај патот за да го изгаснат.

Огнот ја зафатил сувата трева и стрништето и се проширил на целата нива, по што ја зафатил викендицата која била празна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде