Осуден Ламбе Алабаковски: Еве каква казна доби за палењето на културниот центар „Ванчо Михајлов“

Ламбе Алабаковски, кој пред неколку месеци го подмета пожаpот во културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, е осуден на условна казна од шест месеци, пренесува Нова Македонија“

Според информацијата која ја доби „Нова Македонија“ од Основниот суд во Битола, Алабаковски,

кој го призна делото, согласно чл. 288 став 1 од КЗ е осуден на алтернативна условна осуда со утврдена казна затвоp во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело.

Алабаковски се согласил на ваквата казна, според пресудата на основниот суд во Битола. Тој уште за време на истрагата го призна делото, но не кажа од кои мотиви го сторил.

Алабаковски од засега непознати мотиви подметна пожар пред центарот „Ванчо Михајлов” по што беше притворен од битолската полиција. По неколку дена беше пуштен во домашен притвор, а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода.

По пресудата, на Алабаковски му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот. 

Извор: Нова Македонија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде