Погледнете го моментот како НАСА удри во Астероид: Судирот на леталото и Диморфос значи 1:0 за ЧОВЕШТВОТО (ВИДЕО)

НАСА успешно го погоди астероидот Диморфос со вселенското летало Дарт, историски тест за планетарна одбрана!

НАСА успешно го погоди астероидот Диморфос со вселенското летало Дарт и на тој начин го изврши првиот тест за планетарна одбрана против небесно тело кое може да биде закана за Земјата.

„Нападот“ на астероидот беше пренесуван во живо среде ноќ на наше време, а тоа беше вистински спектакл!

Вселенското летало Дарт беше насочено кон астероидот со намера да се судри со него и со тоа да му ја смени траекторијата.

НАСА соопшти дека судирот на Дарт и Диморфос ќе го „истурка“ астероидот од неговата сегашна орбита и на тој начин би можел да спречи други небесни тела да удрат во Земјата.

Во сцена која потсетува на холивудските филмови како Армагедон, научниците без здив гледаа како вселенското летало Дарт се приближува до астероидот со брзина од 24.000 километри на час, за да сними судир во 1:14 часот по наше време.

„Хуманост – астероид, 1:0“, се слушна гласот на коментаторот за време на преносот во живо.

НАСА нема да ги знае точните последици од овој судир неколку месеци. Иако идејата беше само да се „турне“ астероидот, можно е да му е предизвикана поголема штета, но податоците ќе се собираат уште најмалку два месеци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде