Стевчо ЗГРМЕ: Албанците не ни се криви, поголема штета никој не направил од тие што ги повикаа луѓето да бојкотираат

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 помеѓу другото зборуваше и за пописот кој беше спроведен во Македонија.

„Пак ли ќе кажеме дека Албанците ни се криви, што ние сме излегле 56%?

Дегутантно е. Криви се тие што ги повикуваа луѓето да бојкотираат, 150 000 Македонци не се попишаа.

Ќе сносат ли политичка одговорност тие?

А, поголема штета никој не направил на Македонија. Милијарди нека се украдат, ќе се заработат. Ама ова отиде, готово.

Кои се тие што повикуваа да се бојкотира? И после бојкотот? Кога се одлучи веќе да се оди на попис, зошто се повикуваа

луѓе на бојкот? Ќе сносат ли одговорност тие луѓе? 150 000 луѓе не се попишаа, Македонци.И затоа излеговме 56%, затоа имаме такви бројки.

Левица се си кажа со излегувањето од парламент и со не гласањето против бугарскиот договор.

Што сега се вадиме како минус пред заграда? Ќе се криеме зад народот?

Ако имаа против, требаше да си останат внатре и да гласаат „против“.

Си се тргнаа, се повлекоа, извештаите во Европа се дека ниеден глас „против“ немало.

Сега што ќе се обидуваме да се переме со тоа што ќе сакаме да се криеме зад народот.

Тој референдум и на врапчињата им е јасно дека ќе биде неуспешен.

Нас за позитивен референдум ни требаат 940 000 луѓе да излезат.

Ние сме 1000 050 Македонци, над 100 000 не се во Македонија, од тоа 300 000 претставници што гласаа за власта нема да гласаат.

70% нека излезат, не можете да соберете повеќе од 300-400 000 луѓе.

Нема шанса да пројде.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде