„Да беше Ламбе функционер што украл милиони пресудата ќе се укинеше или ќе застареше“, бурни реакции на јавноста

Ламбе Алабаковски, кој пред неколку месеци го подмета пожаpот во културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, е осуден на условна казна од шест месеци.

Алабаковски се согласил на ваквата казна, според пресудата на основниот суд во Битола. Тој уште за време на истрагата го призна делото, но не кажа од кои мотиви го сторил.

Пејачот од засега непознати мотиви подметна пожар пред центарот „Ванчо Михајлов” по што беше притворен од битолската полиција.

По неколку дена беше пуштен во домашен притвор, а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода.

По пресудата, на Алабаковски му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот. 

Веднаш по пресудата на социјалните мрежи се појавија бурни реакции.

– Алабаковски експресно осуден на шест месеци условна казна за палење фашистички клуб.

Да беше функционер што украл милиони државни пари или фалсификувал избори, судот на режимот ќе му ја укинеше пресудата или ќе го застареше делото.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде