Со возило yдрил во две полициски службени возила – голем број повредени лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го фатиле дваесет и четиригодишниот М.М. од село Идризово како превезувал мигранти.

Како што соопшти МВР на 27.09.2022 на автопатот „Пријателство“, во близина на с.Катланово, скопско, М.М. управувајќи патничко возило „форд фокус“ со украдени регистарски таблички во Велес,

во правец од Велес кон Катланово, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со возилото удрил во две полициски службени возила и во двајца полициски службеници.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил М.М. и еден полициски службеник, а со телесни повреди се здобиле друг полициски службеник и осум лица мигранти, кои биле превезувани во возилото.

Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

По извршениот увид и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде