Александар Инфомакс објави „БОMБА“: Семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ располага со десетина станови, куќи и друг недвижен и движен имот во државата и во странство

Семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ располага со десетина станови, куќи и друг недвижен и движен имот во државата и во странство, објави Инфомакс.

Само таткото на Христијан Мицкоски, Иван Мицкоски располага со 3 стана во Скопје и еден во Охрид со кои се стекнал по пат на договор за купопродажба.

Христијан Мицкоски пак досега има пријавено дека поседува имот семејна куќа само во населбата Влае каде што и живее.

Со сериозен имот располага и сестрата на Христијан Мицкоски која во моментов гради нова куќа во населбата Козле во близина на куќата каде што живееше специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Иван Мицкоски таткото на Христијан Мицкоски располага со стан од 43 квадратни метри на атрактивна локација во Охрид, стан од 105 квадрати на улицата Партизански одреди во Влае,

стан од 60 квадрати на улицата Јури Гагарин во Карпош, како и објект и земјиште под објект во вкупна површина од 318 квадрати исто така на улицата Јури Гагарин во Карпош.

Во вкупна квадратура само Иван Мицкоски поседува околу 600 квадратни метри станбен простор во Скопје и во Охрид или ако се пресмета средната пазарна вредност на квадратен метар тоа претставува од 600 до 700 илјади евра капитал во недвижен имот на само еден член од семејството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку таткото на Христијан Мицкоски имаше своја академска кариера како професор на Машинскиот факултет,

а како редовен професор му беше ментор и на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев за неговата докторска дисертација, а Кочо Анѓушев пак е ментор за докторската дисертација на Христијан Мицкоски.

Целиот текст на Инфомакс прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде