НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ПОТРАГАТА ПО МОМЧЕТО КОЕ ИЗЛЕТА ВО ВАРДАР: Во потрагата се вклучени и кучиња трагачи

Трет ден, а сѐ уште никаква трага од 22-годишниот кумановец Е.Р кој вчера падна во реката Вардар, близу Желино, тетовско.

Таткото на момчето, Насер Рамадани веднаш откако дознал допатувал од Австрија, но вели дека не е задоволен од досегашната работа за пронаоѓање на син му. 

„Бев на печалба во Австрија, телефонски дознав од брат ми. Воопшто не сме задоволни од тоа како се врши потрагата. Од вчера и браќата бараат, синовите на браќата дојдоа од печалба, но ништо.

Од 5 часот наутро сме тука, нема ништо. Сам бил во автомобилот. Отиде во Тетово поради последниот семестар, требаше да заврши социологија“, вели Насер Рамадани.

Од ЦУК објавија дека во моментов на терен се раководителот и вработените во РЦУК Тетово кои од лице место информираат дека во 09:00 часот пристигнале на терен едно специјализирано лице од МВР,

6 лица од специјалната антитерористичка единица „Тигри“, екипа од ДЗС 8 лица, 4 нуркачи од Тетово, 4 нуркачи од Кочани, 6 пожарникари и 10 луѓе од ЕЛС Желино.

На нуркачите им се приклучуваат кучиња трагачи.

Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес и во текот на денот да се изврши пребарување во малото езеро во Зелениково.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде