Има ли Македонија потреба од воен рок? Еве што вели началникот на АРМ, Васко Ѓурчиновски

Во вечерашното гостување на телевизија 21, началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски рече дека дефинитивно има потреба од враќање на воениот рок во Македонија.

-Категорично ќе кажам да, има потреба. Знам дека на одредена популација можеби ова нема да им е популарна мерка.

Има потреба од причина што 3 или 4 месеци служење на задолжителен воен рок, пример, за машката популација, доколку се воведе, не мора да стартува веднаш.

Може првите година, две да бидат преодни, па да се започне од 2025 година на пример.

Зошто да не и женскиот пол, доброволно, да може да служи три месеци воен рок, рече Ѓурчиновски.

Слична содржина

Србија е на потег – Вучиќ предлага задолжителен воен рок

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека ќе даде предлог за воведување на задолжителен воен рок од 90 дена.

Пораката на Вучиќ е дека секој маж може да и посвети 90 дена на својата земја.

„Секој човек, секој маж може 90 да се посвети на својата земја, не станува збор за 365 дена, ниту шест месеци…

Надлежните органи треба да пресметаат и да ни покажат колку тоа би ја чинело државата“, изјави Вучиќ.

Смета дека војската учи на одговорност.

„Така се стекнува обврска, мажите ја зајакнуваат зрелоста и им овозможува да научат што е национализам, што е работа“.

Вучиќ додаде дека надлежните органи во земјата ќе одлучат дали предлогот ќе биде прифатен или отфрлен. Тој повтори и дека Србија е и ќе остане воено неутрална.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде