Путин на македонски претседател: Македонија нема да постои за 15 години

Васко Ефтов во една од своите последни емисии открива разговор од пред 15 години кога се сретнале македонски претседател и Владимир Путин.

Ефтов: „Сакам да ви кажам две работи. Две работи кои треба да ги имате во предвид кога правите политички анализи.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е првиот политичар од висок формат кој прв ја кажува оваа теза дека Македонија ќе се подели на два дела, еден бугарски, еден албански дел.“

„Некаде пред 10-15 години еден македонски претседател има работна средба со Путин. Путин како што има обичај после 60 минути се појавува на таа средба. Видно изнервиран.

За да ја релаксира ситуацијата македонскиот претседател вели дека се надева дека претходната средба веројатно му била успешна и дека тоа ќе го расположи.

После 15 секунди тишина Путин вели: Јас не знам што правам на оваа средба и разговарам со претседател на држава која после 15 години нема да постои.

Ете така Владимир Путин гледа на иднината на Република Македонија. Да не ве лажат дека во некој koнфликт Русија ќе застане на наша страна. Никогаш не била на наша страна.“, вели Ефтов.

Целата анализа на Ефтов погледнете ја на видеото подолу.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде