„И реков: Не се откажувај! Ми рече: Не можам повеќе!“ – почина младата Марина Ристова од Кавадарци

Младата девојка од Кавадарци Марина Ристова за која цела Македонија собираше средства, за жал ја загуби битката со канцерогената болест со која се бореше подолго време. Нa 12-ти март требаше да наполни 33 години.

На социјалните мрежи со трогателни пораки се простуваат од неа.

„Мила и непрежалена моја Марина. Ти реков: Не се откажувај! Ми рече: Не можам повеќе! Ти реков: Можеш и мораш! Ми рече: Имам страшни болки, долго трае ова моето..

Се надевам дека ништо нема да те боли таму каде што замина. Патувај до портите небесни, најди мир и спокој, иако не беше за таму.

Секогаш ќе се сеќавам на твоето насмеано и ведро лице. Почивај во мир, мило дете“, стои во една од објавите.

Фото: Фејсбук

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде