Путин се огласи за ситуацијата во Украина: Ги потврди намерите на Русија!

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска се огласи преку видео-врска и испрати порака за ситуацијата во Украина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска на церемонијата на подигнување на знамето на траектот „Маршал Рокосовски“ истакна дека државата што ја предводи нема зли намери кон соседите.

„Немаме лоши намери кон нашите соседи. Би ги советувал да не ја ескалираат ситуацијата, да не воведуваат никакви ограничувања. Ние ги исполнуваме сите наши обврски и ќе продолжиме да ги исполнуваме“, рече Путин.

Осврнувајќи се на руската специјална воена операција што е во тек во Украина, тој нагласи дека Русија одговара само на „негативните акции на другите земји“.

Путин потврди дека денеска разговарал со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко за ситуацијата во Украина.

„Сите наши акции, дури и да се случат, секогаш се случуваат исклучиво како одговор на некои непријателски дејствија против Руската Федерација.

Мислам дека секој треба да размислува како да ги нормализира односите и нормално да соработува. Ако некој не е подготвен да соработува со Русија, тогаш тоа нема да не спречи да си ги решаваме нашите задачи.

Ќе победиме затоа што ќе добиеме нова експертиза“, рече Путин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде