Македонија тагува: Беше еден од најдобрите кои Македонија ги имала – почивај во мир Тони

Вчера во Радовиш изнендано почина Тони Танчев кој беше дел од златната генерација на БК Бучим (Бучим Јака), односно во 1996 година ја освоија светската клупска титула во борење, а е дна година порано и европската, објави ipon.mk.

Танчев беше репрезентативец на Македонија во борење, но и селектор на репрезентацијата до 23 години, а од пред неколку години го формира „Бучим Шампиони“ од Конче, Радовиш.

Тони Танчев во 2018 година настапи на на Светското првенство за ветерани во Скопје и имаше боpба за бронзениот медал со Унгарецот Кароли Сипеки.

Тони Тачев е еден од најдобрите борачи на Радовиш и Македонија.

Бог да го прости. Вечна му слава. Вечен да е споменот за него.

Сочувство до семејството.

Погpeбот е денес на гробиштата во Радовиш. Од 14 до 15 часот ќе биде изложен во капелата, а погpебот е во 15 часот.

Извор: ipon.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде