Циркуз: Стоилковски повторно му упадна на прес на Каевски

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска повторно му yпадна во прес конференцијата на портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски. Од СДСМ се огласија за соопштение:

„Обидот на ВМРО ДПМНЕ да спречи прес конференција на СДСМ не усепаа повторно.

Огромна е неpвозата и политичката некyктура во ВМРО ДПМНЕ, кога се зборува за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и партискиот имот стекнат во време на режимот.

Политичка некултура манифестирана преку портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски само покажува какви се, и колку во опозициската партија ги боли вистината.

Научени на некои дамнешни мрачни времиња, во ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со попречување на слободата на говор, ќе успеат да ја сокријат вистината, но тоа нема да им успее, како што не успеа ниту досега.

Нервозните реакции и ниската политичка култура не можат да ја сокријат вистината дека ВМРО-ДПМНЕ е kpиминална партија која дејствува на штета на граѓаните и државата.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде