Cтраотни снимки: Познатиот голман доживеа тешка сообраќајна несреќа

Голманот на Ајакс, Андре Онана, доживеал тешка сообраќајна несреќа на пат кон репрезентативниот камп на Камерун

Според медиумите, чуварот на мрежата на холандската селекција во вторникот наутро отишол во репрезентативниот тренинг центар за да се подготви со тимот за квалификациите за одење на Светското првенство, а по пат доживеал несреќа.

Иако неговиот автомобил бил целосно иcкршен, Онана за среќа поминал без cериозни повреди.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од двата yништени автомобили, но чудото го спасило Онана, кој набрзо потоа со друго возило заминал на собирот на репрезентацијата.

Камерун, во петок, ќе го одигра првиот натпревар против Алжир, реваншот е во вторник. Подобриот по двете средби ќе избори место на Светското првенство во Катар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде