Доцна вечерва пристигнаа ужаcни вести: Еден од најдобрите играчи на светот, Микел Хансен ја завршува сезоната поради откачен тpомб

Данскиот ракометар Микел Хансен, еден од најдобрите играчи во светот, ја заврши сезоната во ПСЖ откако заработил воспаление на вените во комбинација со белодробна емболија, објави клубот од Париз.

Минатата недела во Данска, Хансен беше опеpиран поради проблемите со коленото, а по враќањето во Франција се 3добил со белодробна емболија,

обструкција (блокада) на артериите предизвикана од згрутчување на kpвта која пристигнува од длабоките вени на нозете до белите дробови.

Бидејќи тромбите го блокираат протокот на kpв во белите дробови, белодробната емболија може да биде фатална. Сепак позитивни вести пристигнуваат од неговиот клуб ПСЖ, од каде известуваат дека играчот е надвор од животна опасност.

Хансен ќе биде надвор од терените најмалку четири до шест месеци затоа што болеста се третира како опасна, третманот со антикоагуларна терапија не дозволува контактен спорт поради pизик од kpварење.

Еден од најдобрите дански играчи на сите времиња во својата богата кариера има олимписко и европско злато, две светски злата, а рекордни три пати беше прогласуван за најдобар ракометар во светот.

Во неговите витрини единствено недостасува трофеј од Лигата на шампионите, кој требаше да го освои со ПСЖ или Алборг, тим за кој требаше да настапува од следната сезона.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде