ШOK: Михајловиќ на вонредна прес-конференција соопшти лоши вести – Ќе мора повторно во болница, леукемијата му се врати

Синиша Михајловиќ соопшти дека ќе мора да се врати во болница бидејќи болеста која еднаш ја победи, повторно му се врати, се надева дека овојпат ќе биде полесно. 

На Михајловиќ во јули 2019 година му беше дијагностицирана акутна форма на леукемија, успеа комплетно да се опорави и да продолжи да функционира нормално. 

Но денеска на прес-конференција тој соопшти дека ќе мора да се врати во болница на нови третмани, бидејќи болеста повторно се вратила. 

„Ми рекоа дека треба да се вратам на нова терапија. Можете да видите дека оваа болест е многу храбра штом се враќа кај некој како мене. Тука сум, доколку првата лекција не ѝ беше доволна, ќе и дадам втора.

Таков е животот со подеми и падови. исто така има и дупки каде може да паднете, но секогаш мора да најдете сила за да се вратите“, вели Михајловиќ.

 „Знам дека сум во добри раце. За разлика од пред две и пол години сега сум посмирен. Знам што треба да правам и ситуацијата е поразлична. Се надевам дека ќе биде брзо.

Ќе направам се за да биде уште побрзо. Ќе пропуштам некои натпревари, но во собата ќе имам се за да ги следам тренинзите и натпреварите.

Сигурен сум дека фудбалерите нема да ме разочараат, јас ќе се борам со нив и сигурен сум дека тие ќе се борат за мене. Ќе се вратам наскоро“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде