Пандев со жеcтока реакција до министерот: Смешен си, гледај си ја таму политиката!

Големиот успех на македонската национална фудбалска репрезентација, предизвика бура од коментари не само кај нашите луѓе ширум Светот, туку и кај спортистите.

Последна реакција вчера, пристигна од првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, кој во аудио порака го честита гоелемиот успех на македонците и дава поддршка и за следниот меч со Португалија.

„Браво Македонија. Херои, секоја чест. Гледав, навивав. Одиме понатаму момци уште еден чекор па на Светско.

Се најдобро ви посакувам“, рече Новак Ѓоковиќ во аудио пораката која можете да ја слушнете подолу.

Вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера им додели дипломатски пасоши на фудбалските репрезентативци, Александар Трајковски и Енис Барди, како и на тренерот на репрезентацијата на Северна Македонија, Благоја Милевски.

– Не само со победите над фудбалските велесили како што се Италија и Германија, туку и со севкупниот ваш придонес во успехот на нашиот национален тим, вие веќе сте нашите спортски дипломати и амбасадор, па најмалку соодветно е да го имате и симболот на дипломатијата – дипломатскиот пасош за вашите чести патувања, истакна Османи на средбата.

Во статус на својот профил на социјалните мрежи, Османи напиша:

„Спортските дипломати со дипломатски пасоши. Фудбалските репрезентативци, Александар Трајковски и Енис Барди, како и тренерот на репрезентацијата на Северна Македонија, Благоја Милевски од денес на своите патувања ќе ги користат своите дипломатски пасоши.

Со војот придонес во успехот на нашиот национален тим, тие се веќе дипломати кои во најдобро светло ја преставуваат земјата.

Да им посакаме успех и да си посакаме победа и во Порто, со што ќе ја повториме преубавата слика од Палермо.“

На овој потег на Министерот за надворешни работи, одговори најдобриот фудбалер во нашата историја, Горан Пандев.

„Смешен си господине и жален. Гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, напиша Пандев на инстаграм.

Македонската фудбалска репрезентација во четвртокот оствари победа над Италија во Палермо, со што обезбеди место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022.

Ова беше радост за цела нација, но предизвика и бројни коментари во фудбалскиот и општо спортскиот свет.

Ова го напиша нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, на својот профил на социјалните мрежи.

Извор: Инфо 7

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде