СНИМКА ОД ДРОН: Еве како изгледа битка помеѓу Украинците и руските платеници! (видео)

Руската инвазија на Украина влезе во 72. ден, украинската војска и понатаму не се предава во поголемите градови, но помалите места им припаѓаат на руската војска.

Руската војска полека напредува во остварувањето на своите цели и судејќи според изјавите на нејзините високи државни функционери.

Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, изјави дека Русија ја преземала контролата над Мариопул, а се повеќе мали места паѓаат под нивна контрола.

Пасна е место во Луганската област која прогласи независност непосредно пред стартот на војната.

Жестоките битки се водеа со денови, а во вторникот се појави снимка на друштвените мрежи на која се гледа борба помеѓу украинските војници и руските платенци од организацијата „Вагнер“.

Снимката од дрон прикажува една населба во Попасна. На почетокот се гледаат украинските војници кои лежат во ровови помеѓу куќите. Украинските војници цело време се под удар на руски гpанати и минофpлачи.

Во еден момент се гледа група на војници кои им приоѓа и ги опколува украинските војници.

Дронот служи како извидувач на помош. Се смета дека таа група на војници им припаѓа на руската платеничка организација „Вагнер“. 

Набрзо сите војници кои се гледаат на снимката се заробени, лежат на земја со рацете на грб. Дронот потоа се искачува на поголема висина и продолжува да снима и да бара уште скриени Украинци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде