„Ние Охриѓаните јадеме само три пати годишно“: Риболовците направија пустош – охридската пастрмка пред истребување!

Бројот на охридска пастрмка е намален за десетици пати од периодот на независна Македонија.

За ваквата појава има повеќе причини, а една од главните е прекумерниот риболов истражувањата покажуваа и ризик од хемиско загадување во услови на несоодветна институционална заштита, пишува „Радио Слободна Европа“.

Никола Паскали редовно нурка во Охридското езеро и сведочи дека често пати забележува мрежи, но и друг риболовен алат.

„Охридска пастрмка има во рестораните во Охрид, може да се нарача и во скопските и во рестораните низ цела Македонија за преку 2.000 денари килограм.

Инаку, ние охриѓаните овде јадеме плашици и грунци и сме среќни со тоа.

Пастрмка јадеме три пати годишно, а се случува да сакаме да купиме, а да нема, поради лошото управување со целиот овој резерват“, зборува Паскали.

Намалувањето на охридската пастрмка започнало во периодот на 90-тите години.

Официјалните известувања од Албанија за риболовот во Охридското Езеро покажале дека на албанската страна од 2012 година наваму се ловат од 55 до 70 тони пастрмка годишно, додека на македонска страна во истиот период изнесувала помалку од еден тон.

Според Паскали потребно е итно порибување на Охридското Езеро.

„За тоа каде ќе одиме понатака треба да кажат стручни лица. Ние сме тука да помогнеме, апелираме да не вклучат во процесите, но сепак државата е глува е се однесува како да не постоиме“

Извор: Радио Слободна Европа

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде