ФОТО: Во страшна собраќајkа зaгина дете, објавени фотографии од местото на несреќата!

Сообраќајна несреќа со тешки последици се случила денес во Хрватска, во Меѓимурје. Според она што го пренесуваат хрватските медиуми во несреќата животот го загубило едно лице.

На 10.06.2022 година околу 17.35 часот во Штефанац на раскрсницата од улиците Зрински и В.Назор се случила сообраќајна незгода помеѓу два автомобили, кои потоа излетале од патот и удриле во бандера, по што покосиле двајца пешаци во близина на коловозот, велат од хрватската полиција.

Едниот од пешаците починал, додека другиот е пренесен во медицинскиот центар во Чаковец. Патот е затворен за сообраќај од 17.40 часот. Во тек е увид, информираат од Полициската управа Меѓумурје.

Неофицијално загинатото лице е дете кое на повредите им подлегнало во болницата во Чаковец, засега информациите не се потврдени и идентитетот на сите учесници во оваа несреќа е непознат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде