СТРУМИЦА ТАГУВА: Денеска почина чичко Петре, човекот кој немаше пропуштено домашен натпревар на Беласица

Тажна вест ни пристигнува денес од Струмица. Почина најверниот фан на ФК Беласица.

Петар Анџиев или чичко петре немаше пропуштено ниту еден домашен натпревар на струмичкиот тим со децении…Клубот му оддаде почит преку социјалните мрежи.

„Тажна вест ја обли ФК Беласица и цела фудбалска Струмица. Денеска почина најверниот фан на ФК Беласица, Петре Анџиев.

Чичко Петре беше човек кој немаше пропуштено домашен натпревар на својата најголема љубов Беласица со децении.

ФК Беласица секогаш ќе се сеќава и никогаш нема да го заборави својот најголем поддржувач – легенда на ФК Беласица.

Почивај во мир легендо!“, стои во објавата на ФК Беласица.

„У чест на Петрето мислам дека треба да се остава обележје на стадионо, или да му се бележе столчето дека шо седаше на секоо утакмица.

Беше човек шо дишаше и живееше за Беласица“, беше еден од коментарите на објавата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде