Вонредна вест: Тешка сообраќајна несреќа на бугарските фудбалери во Грузија

Бугарската фудбалска репрезентација доцна синоќа доживеала сообраќајна несреќа на пат од аеродромот во Тбилиси кон хотелот каде што требале да бидат сместени за мечот со Грузија.

Бугарите со два автобуси се движеле по автопатот, возеле еден по друг. Првиот автобус нагло закочил поради автомобил кој се нашол пред него на патот, по што вториот автобус се забил во него.

Најмногу настрадал фудбалерот Тодор Неделев, кој целиот крвав од искршените стакла веднаш бил пренесен во болница.

Според последните информации, Неделев е со тешка повреда но надвор од животна опасност.

Лекарот на бугарската репрезентацијата д-р Бисер Бочев цела ноќ ќе ја помине во болницата во Тбилиси за да ја следи состојбата на фудбалерот од Ботев Пловдив. Се уште не е јасно дали ќе биде потребна операција.

Како што информираат од бугарската федерација, во оваа фаза одложување на натпреварот против Грузија во Лигата на конференциите нема да има.

Раководството на БФС е посветено на обезбедување целосна поддршка на Неделев и останатите фудбалери. Натпреварот со Грузија се игра во недела.

Денеска ќе се знае дали УЕФА ќе го одложи натпреварот или тој ќе се одигра во предвидениот термин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде