ДЕНЕСКА Е ЗАДУШНИЦА: Еве што треба, а што не смеете да направите

Православните христијани во денеска и утре ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мpтвите.

На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гpобови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гpобовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гpобишта, тој пали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна на гpобиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гpобиштата, со спомнување за спас на душата на покојникот.

Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гpобови се посетуваат.

Доколку на гробот некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гpобот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде