ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ: Реџепи исчезна од јавност, да не е киднапиран? – прашуваат од Алтернатива

Откако најави дека ја напушта пратеничката група и ќе делува независно, Скендер Реџепи од Алтернатива исчезна од јавноста.

Не одговара на повиците да ги каже причините за својата одлука, и да објасни чија политика отсега ќе поддржува?

На прашањето во Топ Tема, дали знаат каде е нивниот довчерашен колега, од партијата се пошегуваа правејќи паралела со неодамнешниот случај со еден друг Реџепи,

Кастриот од Беса, кој се бараше и под дрво и под камен кога опозицијата се обидуваше да формира парламентарно мнозинство.

Во партијата не се изненадени од потегот на Реџепи, тој и досега бил со една нога надвор, не се појавувал на партиските состаноци и не учествувал во работата.

Но, уште вчера побараа да го врати мандатот. Тврдат дека не станува збор за никаков став што е поврзан за некоја партиска структура на Алтернатива.

Сепак, несогласувањата со партискиот претседател, Африм Гаши, датираат од поодамна, уште пред партискиот конгрес или четири месеци откако Алтернатива влезе во Владата,

од кога тие двајцата и не разговараат меѓу себе. Незадоволен од раководството на партијата и Гаши,

Реџепи не беше присутен ниту на конгресот каде се избираа партиските структури. Гаши, пак, тогаш оцени дека очекувањата на Реџепи дека проблемите ќе се решат за 100 дена се нереални.

Иако за нив е индикативно неговото повлекување во момент кога опозицијата организира протести против парламентарното мнозинство, сепак, од партијата не очекуваат дека Реџепи ќе го смени правецот на дејствување.

Пратеничката група на Алтернатива сега останува со тројца пратеници, а парламентарното мнозинство без него брои 63-ца пратеници. Алтернативците имаат три министерски места, во здравство,

информатичко општество и министер без ресор, како и десетици значајни директорски места, како МЕПСО, ФЗОМ, Железници, Управата за водење матични книги, затворот Идризово и други.

Извор: Телма

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде