ХАОС на кванташки: Групна тепачka на осум лица, учествувал и вработен

На 14.06.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје, В.А.(37) од с.Мојанци, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на Кванташки пазар, каде што работел, по претходна расправија,

тој, неговиот брат Ј.А. и уште еден вработен Н.А. биле физички нападнати од И.Б., неговиот брат И.Б., двајцата од с.Арачиново и уште три лица.

Притоа, според пријавеното, еден од браќата И.Б. им се заканил со пиштол и ги нападнал В.А. и Ј.А.. Додека, исто така, според пријавеното, едно од трите лица употребило тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.

Слична содржина

И тоа се случи: Се степале за корпа во маркет

МВР информира дека дошло до тепачка во супермаркет во скопски Карпош.

Според полицијата, во текот на вчерашниот ден во 15.45 часот К.П.(81) од Скопје, пријавил дека на 21.04.2022 околу 15.15 часот на подрачјето на Карпош откако излегол од маркет двајца од вработените му рекле да ја врати корпата која што ја носел со себе,

а кога пријавителот рекол дека сака да ги однесе продуктите до неговиот дом бидејки живеел блиску едниот од нив физички го нападнал.

Полицијата работи на расчитување на случајот, стои во билтенот на МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде