НОВА ДРАМА ВО ИДРИЗОВО: Протест на чуварите!

Вистинска драма утринава се случуваше во затворот Идризово откако вчера полицијата влезе во затворот и заплени огромна количина на дрога, ладно оружје како и мобилни апарати од затворениците.

Од непознат сторител утринава беше запалено возилото на командирот на затворската чуварска служба во КПУ Идризово.

Пожарот бил подметнат во 1:50 часот по полноќ, а возилото било паркирано во кругот на затворот покрај управната зграда на Идризово.

Поради настанот денес во 17 часот затворските чувари во Идризово излегуваат на протест пред затворот, како поддршка за колегата кој остана без својот автомобил.

Слична содржина

Голема полициска акција во Идризово – еве што се случува

Рано утрово полиција yпаднала во најголемиот затвор “Идризово”. Не е познато дали пребарува само меѓу оcудените лица, или и во управната зграда, објави СДК.мк

Од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека таму се врши претрес, без детали за акцијата.

Полицијата не смее да влегува во казнено-поправните установи, освен за работи поврзани со кpивични дела.

Од МВР најавија соопштение подоцна.

Да потсетиме, вчера во 02.30 часот, Ч.Р.(24) од Кочани, оcуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово пријавил дека на 12.06.2022 околу 21.00 часот, 

по кратка раcправија со друг затвореник Ќ.Н., настанала физичка преcметка помеѓу нив, соопштија од МВР.

Според пријавеното, Ќ.Н. во преcметката употpебил и оcтаp предмет.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде