Голгетерот од Ново Црнилиште: Во Македонија има играч кој постигнал 156 гола на 148 натпревари!

Звучи чудно, меѓутоа во македонскиот фудбал има фудбалер кој на 148 натпревари постигна 156 гола.

Во прашање Ерџан Ибраимовски кој настапува за Ново Црнилиште, клуб од третата македонска лига – Југ. Во оваа екипа тој игра од сезоната 2015/2016 и зад себе има бројки на расен голгетер.

Првата сезона на 19 натпревари постигна 17 гола, а потоа играл се подобро, најдобра сезона му била 2016/2017 тогаш на 26 натпревари постигна 30 гола во Општинската лига.

Ерџан, нема што друго да кажеме освен – честитки!

Извор: Спортска Мрежа

Слична содржина

ХРВАТИТЕ „ПОЛУДЕА“ ПО МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛЕРКА – Таа е една од најубавите во Европа!

Иако може да се помисли дека се работи за хрватската репрезентативка Ана Марија Марковиќ, која многумина ја сметаат за најубава во светот, не е така. Македонската репрезентативка Јулија Живиќ ги воодушеви Хрватите со својата убавина.

Девојката која сезонава најдобро се снаоѓа по десната страна на теренот е во Ријека, вниманието на себе го сврте со одличниот настап на теренот, но и со својот атрактивен изглед.

На нејзиниот Инстаграм профил можете да најдете многу фотографии на кои е во дресот на македонската репрезентација, но и како позира за модни брендови.

Таа во последните денови се најде и во центарот на вниманието на хрватската јавност, која во интервју за тамошните медиуми зборуваше за нејзиниот трансфер во хрватскиот фудбал и за навикнување на нов начин на живот.

Јулија беше засилување за Ријека во првата женска со цел тимот да избори опстанок во лигата, а тоа го направија многу рано, па затоа сезоната се смета за прилично успешна.

Заедно со Живиќ во Ријека пристигна и Даниела Велеска, двете настапуваат по крилните позиции. Покрај кариерата како модел и фудбалер Јулија стигнува и да се посвети на образованието, па така студира на Славјанскиот универзитет во Свети Николе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде