Тешка сообраќајна несреќа меѓу мотор и автомобил, едно лице заврши во болница!

Тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотор се случила вчера на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, во селото Гајре.

Како што информираа од МВР во несреќата учествувале патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(22) од с.Гајре и мотоцикл „кавасаки“ со германски национални ознаки, управувано од Т.С.(59) од сeлото Челопек, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од страна на полициска екипа.

Слична содржина

Тешка сообраќајна несреќа, настрада мотоциклист

Попладнево се случи сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, на булеварот „11 октомври“.

Според информациите од очевидци кои ги објави порталот „Локално“, дошло до судир помеѓу мотоцикл и автомобил „Пежо“ во близина на седиштето на Управата за јавни приходи.

Полицијата врши увид на местото на несреќата. Повеќе информации се најавуваат за подоцна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде