„Странци доаѓаат да работат во Македонија“ – министерот Бектеши објави колку работници од странство дошле во земјава

Странските државјани се заинтересирани да работат во Северна Македонија. Ова го вели министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, иако сме на средина на 2022 година,

искористени се 70 отсто од квотите на работници кои доаѓаат од странски земји кои сакаат да работат во Северна Македонија. Бектеши рече дека работниците главно доаѓаат од Турција, но дека економските услови во земјава бараат да се либерализираат процедурите и за другите земји.

„Речиси над 70% се заинтересирани само за првиот дел од годината…ако е бројката 5000, 70 проценти имаат апликации од бројот 5000, од ​​работници од странски земји кои пазарот на РСМ го гледаат како можност,

без разлика дали во градежништвото или во производство. Ова докажува дека во Северна Македонија има работни места, но сигурно треба повеќе работа“, истакна Крешник Бектеши.

Но, се поставува прашањето зошто имаме иселувањето  на младите кога Агенцијата за вработување промовира проекти за самовработување.

Директорот Беким Мурати рече дека миграцијата во Македонија е тренд и тоа се случува и во земјите од Европската унија.

„Иселувањето само по себе е проблем и со овој проблем се соочуваат поразвиените земји од Македонија, на пример тоа се случува и во земјите од Европската Унија,

бидејќи за подобра економска благосостојба се селат од Германија во Франција, од Португалија во Германија итн“, вели Беким Мурати.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде