Трагедија: Почина 15-годишното девојчето кое 20 дена се бореше за живот во битолската болница

На клиничката болница во Битола денеска починало 15-годишно девојче повредено во сообраќајка која се случи вечерта на 14 јуни, пишува „Нова Македонија“.

По дваесетина дена борба на лекарите во Клиничката болница во Битола за спас на девојчето, тоа денеска им подлегна на повредите.

До сообраќајната несреќа дошло кога малолетен моторциклист со мопед „Априлија“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „Сеат“ со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетната сопатничка која не носела кацига, додека пешакот поминал со полесни телесни повреди.

Извор: Слободен печат

Слична содржина

Уште една трагедија на македонските патишта: Во сообраќајка загина 24-годишно момче

Денеска во раните утрински часови односно во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево,

патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.

Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје,

каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.

Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, соопштија надлежните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде