Граѓаните мака мачат, а од пекарската индустрија велат: Цената на лебот мораше да се зголеми

Kорекциите на цената на лебот што се вршат изминативе денови се резултат на новиот раст на цената на струјата и на гасот во август во однос на јули, објаснува за „Слободен печат“, Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

ената на гасот во август е 100 проценти поголема отколку во јули. Цената на струјата достигна и до 500 евра за мегават-час.

Сите зборуваат за растот на цената на лебот, а не кажуваат со колкави трошоци се соочуваат компаниите, а тие пак, ги зголемија цените на лебот само за 10 проценти.

Владата мора да преземи мерки за да ги заштити компаниите од ценовните шокови на гасот и на струјата. Со вакви цени, ако производителите не ги зголемуваат цените на своите производи треба да стават клуч на врата – вели Малишиќ.

Извор: Слободен печат

Слична содржина

Нов удар по џебот на граѓаните: Поскапува лебот – еве за колку

Поскапува лебот. Новите цени се повисоки за 8 до 10%. Причина за ваквото зголемување се скапите енергенси, велат од мелничко-пекарската индустрија.

„Тоа е најчесто од ударот на зголемувањето на цената на гасот која во авуст е неколкупати покачена во споредба со онаа во месец јули,

како и со поскапувањето на електричната енергија со новите измени во правилникот и законите за малите компании кои учестуваат во регулираниот пазар како

и за домаќинствата каде што исто така е зголемена цената на електричната енергија.“ – Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко-пекарска индустрија

Промена забележале и граѓаните. Велат дека од пред два дена, речиси сите видови леб имаат зголемени цени.

Очекувањата се дека цената на лебот и натаму ќе оди нагоре, паралелно со растот на цените на енергенсите. Токму затоа мелничарите и пекарите побарале државна помош.

„Држвата мора да учествува во субвенционирање на компаниите со цените на електричната енергија, затоа што само ние сме како индустрија во нашава држава изложени на најскапа електрична енергија.

Секаде во опкружувањето струјата е регулирана и субвенционирана од страна на владите. Ако продолжат цените на енергенсите да се зголемуваат, а тие го достигнаа својот пик во летниот период, замислете што ќе биде во есенските или зимските месеци“.

Маржата на лебот останува ограничена на 5% до крајот на септември. Дали и какви антикризни ќе има потоа, засега не се знае. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде