ВИДЕО: Наредна евакуација, пожарникарите се борат со огнената стихија – силен пожаp беснее на едно од најпознатите летувалишта во Грција!

Голем пожаp се шири на грчкиот остров Закинтос, поради што е наредена  евакуација на едно село. 

Мештаните мораа да го напуштат селото Мегала Алонија. 

Со огнената стихија се борат 24 пожарникари со 10 противпожарни возила и еден хеликоптер.

И ова лето имаше пожаpи на повеќе локации во Грција, а гореше и во околината на Атина. Пожарите во Грција „проголтаа“ значителни површини под шума.

Во пожаpот во грчкиот Национален парк Дадиа во Еврос претходно изгореле 12 отсто од заштитената шума. 

Извор: Фактор

Слична содржина

Се шири пожар во Беровско. Ветерот дополнително ја зголемува огнената стихија

Гори мешана шума од бука и даб меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски вели дека пожарот се шири поради ветерот.

На терен се излезени пожарникарите, како и вработени од ЈП „Македонски шуми“.

– „Потребни се дополнителни сили за да се спречи брзо ширење на пожарот, побарано е од Дирекцијата за заштита и спасување, а нашиот градоначалник го побара и специјалното возило за гасење на шумски пожари од Доброволното Противпожарно друштво во Пехчево“, вели Руменковски.

Пожарот е регистриран синоќа на сува трева од страна на вработените на ЈП „Македонски шуми“, но попладнево е раширен поради ветерот.

Според Руменковски во моментов нема опасност, по населените места во беровскиот регион, огнената стихија е во планинскиот предел.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде