Македонскиот леб меѓу најскапите – еве какви се цените во регионот

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки цени во продавниците. Анализите покажуваат македонскиот леб е меѓу најскапите.

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за  16 отсто на годишно ниво.

За само еден месец трошоците за живот скокнаа за 1,9 отсто а цените на мало за 2,5 отсто а пакет антиризни мерки се уште нема. Владата за сега со парцијални решенија спречува поскапувања.

Денеска на седница ги замрзнува  цените на огревното дрво и пелети до крајот на годината. Се ограничува трговската маржа за огревното дрво и пелети на 10 проценти.

Ова следува по порастот на цените со што маржата кај пелетите надминува и 50 проценти во трговијата на мало.

ВИСИНАТА НА ТРГОВСКА МАРЖА НАЈМНОГУ ДО 10% ЗА НАВЕДЕНИТЕ СТОКИ ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО ТРГОВСКИОТ ЛАНЕЦ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО,

А ТРАНСПОРТОТ ЗА ИСПОРАКА НА СТОКИТЕ ДО КРАЈНИТЕ ПОТРОШУВАЧИ НЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА ВО ВИСИНАТА НА ТРГОВСКАТА МАРЖА, ИНФОРМИРААТ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА.

Така ако кубик огревно дрво даб макеоднски шуми ги продава за 3000 денари до склад малопродажната цена на трговците по кубик може да биде поголема за 10 проценти односно 300 денари плус транспрот .

За да се избегне зголемување на цената на сончогледовото масло за јадење владата го забрани и извозот на семе од сончоглед  со цел.

Причината за ограничување на извозот на сончоглед, е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да започне во втората половина на август, најпрво да се снабди домашниот пазар односно домашните капацитети на производство на масло од сончоглед за јадење велат од министерството за земјоделство.

Според Благица Петрески од Фајнанс Тинк во јули е достигнат пикот на инфлацијата и ќе следува стабилизација.

Според податоците од  завосдот за статистика, најголемо поскапување има кај транспортот со 24 отсто следуваат храната и безалкохолните пијалоци кои за само една година, поскапеле за дури 23,6 отсто. маслото за готвење во јули оваа година во споредба со минатата бележи раст од  55,4 отсто а лебот за една година поскапел за 33,4 отсто. Реагираше ССМ  инфлацијата според нивните пресметки е над 20 пстсто , а минималните животни трошоци во јули изнесуваат и над 47 илјади денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде