Жестока реакција на лекарите: Некој лечел фрустрации од мал пениc на народна сметка, а ние не спиевме со денови – арам да ви е!

Антикорупциската комисија ќе ги испитува јавните набавки направени за време на пандемијата со Ковид, потврдуваат оттаму за Алфа.

Дел од лекарите, пак, се шокирани од она што беше објавено вчера – дека додека тие се бореле со вирусот и од свој џеб набавувале опрема, некој дебело профитирал.

Анализата на Центарот за граѓански комуникации покажа дека како средства за борба со пандемијата биле заведувани и луксузни автомобили, а некои институции за маски и друга заштита плаќале и пет пати поскапо од пазарната вредност.

Срам и арам да ви е што за време на пандемиска и економска криза купувавте луксузни коли и компјутери на државна сметка, наместо медицинска опрема. Ова за Алфа го изјави доктор Ненад Лазаров по скандалот дека како јавни набавки за Ковид-19 се набавувани производи што немаат никаква врска со пандемијата.

Тој вели дека со денови, како доктори не спиеле само да се обезбеди заштитна опрема, се печатеа визири за да се помогне, без денар да се побара, молеа колеги за помош, додека некој профитирал дебело и власта лечела фрустрации со купување на возила на народна сметка.

„Не спиевме со денови за да обезбедиме и донираме заштитна опрема, штампаа луѓе на 3Д принтери заштитни визири со ноќи за да помогнат, без пари да побараат, дури и фабричко производство организиравме и делевме бесплатно,

со лични коли од Пехчево до Ресен, плачеа и молеа колеги за помош, секоја едно парче заштитна опрема го споделивме, додека некој профитирал дебело а други лечеле фрустрации од мал пениc со купување аута на народна сметка.

Ако ова не е ратно профитерство, не знам што е, арам да ви е“, вели за Алфа доктор Ненад Лазаров.

Поради ваквиот начин на злоупотреби, доктор Лазаров вели дека после ова, дефинитивно во Македонија не може да има функционален здравствен систем, зашто наместо подобрување, само се руши она што е останато.

Високи ризици од корупција и судир на интереси во набавките за КОВИД-19 забележале и во Антикорупциска, од каде што велат дека работеле на расчистување на случаите што се однесува до јавните набавки.

Извор: Алфа ТВ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде