Еве како денес изгледа Васко Жабата, песната ќе добие и втор дел

Колкаво влијание имаат социјалните мрежи се уверија и членовите на „Камчија оркестар“, чија песна „Комбајн жнеење“или како што сите ја знаат „Васко жабата“ стана вистинска сензација на Балканот.

Бугарскиот бенд ја сними оваа песна пред речиси две децении, а корисниците на Тикток и Инстаграм неодамна ја оживеаја, а рефренот „Васко Жабата“ со недели ги преплави сите апликации.

Продуцентот на оваа хит песна Марин Маринов вели дека е изненаден од успехот  на песната две децении по објавувањето.

– Да бидам искрен, пријатно сме изненадени што оваа песна стана толку популарна 20 години откако ја снимивме.

Песната има изразен балкански ритам, а пејачите одлично си го одработија својот дел и мислам дека тоа е она што ја освои публиката –

рече Марин и откри дека песната наскоро повторно ќе се снима, но овој пат во поинаков аранжман.

„Васко жабата 2“ ќе пристигне во септември.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде