„Ги мpазат и мpтвите Срби“ – потресна исповед на Србинка за вандализмот што и нанесе неопислива болка

На гробот на Новица Илиќ, кој беше погребан пред неполн месец на гробиштата во Ораховац, беше скршен дрвен крст, а делови од крстот беа фрлени до гробот.

Неговата сопруга Љубица (61) во исповед за Ало! вели дека вандалите не само што го скршиле дрвениот крст, туку и нејзиното срце и душа.

Сосетката ми кажа дека тоа се случило и јас седнав и плачев. Како да го y6иле, така се чувствувам. Кој може да го направи тоа, кој е тој што не се плаши од Бога и оди да го скрши кpстот на гpобот?

Не ни даваат мир ниту за мpтвите, одвреме-навреме кpшат српски надгробни споменици по цел Космет – расплакана раскажува Љубица, која живее со синот во Ораховац.

Новица Илиќ (69) почина на 31 јули годинава, а беше погребан следниот ден на старите православни гробишта во Ораховац. Љубица по седум дена го посетила гробот на сопругот и оттогаш не излегува од дома.

Кутрата јас и сега не отидов да го видам кpстот што го скpшија. Не ми дозволија да одам на гробишта… Кога беа седум дена, излегов, имаше неколку момчиња Албанци покрај гробиштата, ме гледаа и зборуваа нешто на албански.

Сега навистина не требаше да заминам, искрено ви кажувам братски – вели Љубица и додава дека нејзиниот покоен сопруг Новица не заслужил да му се случи ова.

Моето семејство не поседува туѓа игла, никому ништо не сме зеле ниту лошо сме направиле. Останавме овде, не го напуштивме огништето. Живеевме како што живеевме, но преживеавме. Мојот Новица две недели беше во кома, се бореше, но не успеа…

Неговата cмрт не cкрши, а потоа се случи ова. А тоа се случи само затоа што Новица е православен Србин, затоа му го cкршија кpстот на гpобот, затоа ни го направија ова – се жали Љубица Илиќ.

Таа се надева дека некој ќе го зацврсти кpстот на гробот на нејзиниот сопруг и дека неговиот гpоб ќе биде обележан.

Порано во Ораховац, град со 15.000 жители живееле над 3.000 Срби, а денес ги има помалку од 300. А сите се наоѓаат во радиус од 200 метри и се движат по една улица.

Долги години, делот од градот во кој живеат Срби беше опкружен со бодликава жица и чуван од припадници на КФОР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде